ВО РЕЗУЛТАТСКОТО СИВИЛО НА ЊУКАСЛ, СЕ ИСТАКНУВА ЕДЕН ЅВЕР
Објавено на: 28.12.2021
Њукасл е екипата која пропушти, односно испушти најмногу бодови сезонава (19) во натпреварите во англиското фудбалско првенство, особено во услови кога прва постигнува гол на еден натпревар. Тоа му се случи на 8 од 9 натпревари, на кои Њукасл не успеа да дојде до сите три бода.
Последен таков случај е дуелот со Манчестер Јунајтед на кој поведе во 7-та, но прими гол за конечните 1:1 во 71-та минута. Сепак, еден играч се истакнува и најверојатно ќе биде, односно ќе остане дел од новата гарда, која ќе биде формирана од новиот спонзор во обидот за нови трофеи.

Станува збор за бразилскиот интернационалец Жоелинтон (25) кој создаде 3 шанси, имаше 4 прекинувања на противничките напади, 11 добиени дуели и 13 контроли на топката подолги од 5 метри, а само Емил Крафт (5) имаше повеќе освоени топки во директен дуел од Жоелинтон (4).