Фудбал

РОНАЛДО Е НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ НА ДВЕ ЕКИПИ ИСТОВРЕМЕНО

Португалецот е како Чак Норис. Во исто време е најдобриот голгетер и на Јувентус и на Манчестер Јунајтед, двете екипи во кои настапува-ше во текот на 2021-та година. Во летниот преоден рок, напаѓачот си замина од Италија и се врати во Англија.

Кристијано Роналдо постигна 21 гол во дресот на Јувентус во текот на 2021-та година, која ја почна како член на Старата дама завршувајќи ја сезоната 2020/21, а воедно има 7 погодоци и е најдобар стрелец и во новата екипа, Манчестер Јунајтед.

Роналдо е најдобар стрелец и на Португалија, која е можен противник на Македонија во баражот за СП 2022-та. Португалците играат со Турците, а ние се соочуваме со Италијанците. Победниците ќе играат финале за пласман на мундијалот во Катар.