Ракомет

КОЈ Е НАШИОТ НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ ДОСЕГА

Сите поголеми успеси на македонскиот ракомет, во поновата историја од осамостојувањето се поврзани со едно име – Кирил Лазаров. Актуелниот селектор на Македонија се уште игра, се уште е капитен и се уште докажува како треба да се почитува дресот со националните обележја.

Најдобриот стрелец во историјата на нашата ракометна репрезентација, е Кирил Лазаров со 1443 гола на 207 настапи. Со вакво CV не може да се пофалат и далеку „поголеми“ ѕвезди од нашиот Кире, а такви ги нема многу. Едно нешто со кое не може да се пофали никој, е обединувањето на рекордите за најмногу голови на едно ЕП, едно СП и во историјата на Лигата на шампионите.

Може ли нашата селекција, со новите сили, повторно до ново големо достигнување? За да ги следите ги настапите на Македонија во живо, вклучете се во големиот натпревар на Златна копачка и бидете дел од континенталниот собир.