ДАЛИ Е ОВА НАЈДОБРОТО ДУО ВО МОДЕРНИОТ ФУДБАЛ?
Објавено на: 19.12.2021
Јавноста премногу е окупирана со ѕвездите кои се експонирани по медиумите, поради што многу често заборава на вистинските изворни ѕвезди кои макотрпно си го заслужуваат овој статус и поставуваат нови рекорди во оваа прекрасна игра.
Томас Милер го одигра натпреварот број 400 во дресот на Баерн Минхен и само Меси (442 – Барселона), Бускец (432 – Барселона) и Манданда (429 – Олимпик М.) имаат повеќе натпревари од него за еден клуб во Топ 5 лигите, а Левандовски постигна рекордни 43 Бундеслига голови во една календарска година.
Што е најважно во почетната констатација? Овие двајца играат за баварската машинерија која со години наназад ги меле сите противници, па дури и оние кои се сметаат за најдобри во историјата. Дали Баерн и ова дуо заслужуваат повеќе внимание, или не им е ни потребно?