Кошарка

ПОБЕДАТА СО СПЕКТАКУЛАРНАТА ОДБРАНА НА ОБРАДОВИЌ, СЕПАК Е КОНТРОВЕРЗНА?

Партизан славеше против полскиот Сласк, или Шљонск како што се изговара оваа екипа во матичнта земја, со 75:73 во рамките на 7-то коло во УЛЕБ Еврокупот и остана на врвот на табелата во групата А со 6 победи и само 1 пораз.

На 5 секунди до крајот, гробарите изведоа маестрална одбранбена тактика која е истренирана до перфекција на тренинзите од страна на најтрофејниот европски тренер, Жељко Обрадовиќ, што може да се види на следното видео:

Но, по завршувањето на натпреварот, Евролига се огласи дека сепак по оваа акција имало контроверзна одлука на судиската тројка, која не си ја одработела задачата како што треба за едно вакво елитно натпреварување:

На 5 секунди до крајот на мечот, топката ја уфрли во игра играчот на гостите Рамљак. Топката ја прими неговиот соиграч Коленда. Потоа постоеше контакт со играчот на домашните ЛеДеј по што топката излезе во аут. Топката му беше доделена на Партизан затоа што судиите проценија дека тоа беше загубена топка од страна на играчот на гостите.

Но, наместо тоа, постоеше фаул и требаше да му бидат доделени две слободни фрлања на гостинскиот играч Коленда. – стои во официјалното соопштение на Евролига.

Дали гостинскиот играч ќе ги погодеше двете слободи за водство, останува мистерија. Потоа гостите направија фаул, Аврамовиќ мудро го погоди првото и го промаши второто, за да истече времето.

Дали оваа победа на Обрадовиќ сепак има црна дамка?