Фудбал

КОЈ Е ПРВИОТ АНГЛИСКИ КЛУБ СО 2.000 ПОБЕДИ ВО ПРЕМИЕРЛИГАТА?

Екипата на Манчестер Сити е актуелен шампион во англиското првенство и има бод предност на врвот на табелата во англиската лига, но друга екипа има далеку пославно минато, далеку повеќе победи и далеку повеќе трофеи.

Ливерпул е првиот англиски фудбалски клуб со 2.000 победи во топ-флајт натпреварувањето на Островот. Ова достигнување, црвените од Енфилд го реализираа со триумфот против Њукасл со 3:1. Еве ги головите за историја:

А ова се учиноците на останатите екипи:

Ливерпул – 2.000
Арсенал – 1.927
Евертон – 1.872
М. Јунајтед – 1857
Астон Вила – 1.675
М. Сити – 1.518
Тотенхем – 1.452
Челси – 1.437
Њукасл – 1.361
Сандерленд – 1.260