Фудбал

ПРЕД 21-НА ГОДИНА, НА ДЕНЕШЕН ДЕН, МЕСИ ПОТПИША НА САЛФЕТКА

Чудото од дете кое беше изградено во Ла Масија во рамките на легендарната генерација што подоцна растураше по шпанските, европските и светските терени, на малку бизарен начин ја покажало верноста кон клубот од каде не сакаше да си замине, но беше на сила продадено.

Лионел Меси потпишал договор на салфетка затоа што треенрот на Барселона, Карлос Рексач во моментот едноставно немал хартија крај себе и го замолил аргентинскиот фудбалер да го стори она, кое подоцна ќе се претвори во уникатна и неповторлива страница од фудбалската историја.

Меси има 34 години и од Барселона Ц, преку Б стигна до првиот состав каде ги урна сите можни рекорди на клубот, за кој одигра 520 натпревари на кои постигна 474 гола. Меси е најдобриот играч во историјата на фудбалот, или тој предзнак може да му го земе некој друг фудбалер?