МЕРЦЕДЕС СО ЖАЛБА ЈА ОСПОРУВА ТИТУЛАТА НА ВЕРСТАПЕН
Објавено на: 12.12.2021
Макс Верстапен во последниот круг успеа да стигне пред Луис Хамилтон и да ја освои својата прва титула иако речиси цела трка беше во заостаток зад Британецот.
Ваквиот расплет на шампионатот немаше да се случи доколку безбедносното возило не излезеше на 4 круга пред крајот, откако Латифи се заби во заштитната бариера.
Она на што тимот од Мерцедес реагира е пропуштањето на заостанатите болиди од страна на Мајкл Маси, практика која се случува во кругот кога безбедносното возило ја напушта трката. Но иако првично беше обзнането дека стујардите нема да дозволат заостанатите болиди да заминат, сепак потоа се премислија и дозволија Хамилтон и Верстапен да се подредат еден зад друг.
Тото Волф и неговите колеги реагираат на Артикл 48.8, кој вели дека ниту еден болид не смее никого да претекне додека безбедносното возило е на патеката и не влезе во пит.
Дали ќе им успее истото, останува да видиме…