Фудбал

ПРЕД ТОЧНО 21-НА ГОДИНА, ЗИДАН БЕШЕ ПРОГЛАСЕН ЗА НАЈДОБАР НА СВЕТОТ

На денешен ден во 2000-та година, францускиот фудбалски велемајстор ја доби престижната награда на ФИФА за најдобар фудбалер на светот, таа година. Тоа му беше втора, од вкупно три вакви награди (1998, 2003). Тоа е наградата која во 2010-та, па се до 2015-та беше споена во едно со Златната топка на Франс Фудбал. Од 2016-та повторно се доделува самостојно.

Зинедин Зидан освои се што може да освои еден фудбалер, а потоа и клупски тренер. Му недостасува селекторскиот учинок. Во кариерата ги има најпрестижните лигашки и меѓународни трофеи, а со репрезентацијата на Франција беше европски и светски шампион. Како тренер на Реал, ја освои Лигата на шампионите трипати по ред.

Дали Зинедин Зидан е најдобриот фудбалер во модерната ера?