Мотоспорт

ЗОШТО ВЕРСТАПЕН И ХАМИЛТОН НЕ СМЕАТ ДА СЕ СУДРАТ КАКО СЕНА И ПРОСТ?

Светската автомобилистичка федерација ги предупреди двајцата возачи, кои имаат изедначен број бодови пред последната трка, дека ќе се соочат со санкции ако намерно предизвикаат колизија која би можела да го реши прашањето околу победникот на сезоната.

ФИА ги предупреди Макс Верстапен и Луис Хамилтон, дека предизвикувањето судар со цел да се стигне до трофејот, ќе значи казна во бодови. На 12-ти декември во Абу Даби следува разврската на трилер годината во Формула 1, во која двајцата влегуваат со по 369,5 бода.

Верстапен е лидер затоа што има 9 победи, а Хамилтон има 8. Ако Хамилтон не ја заврши трката, односно ако претрпи судар или дефект додека Верстапен е на патеката, Холанѓанецот не мора да заврши. Но, ако и двајцата имаат пласман, тој со подобар ќе биде новиот шампион.

Се сеќаваме на сударот меѓу возачите на Мекларен, Сена и Прост на Сузука 1989-та кога бразилскиот возач удри во францускиот. Сена беше дисквалификуван дека недозволено се вратил на патеката, па Прост беше шампион. Во 1990-та, на истата патека Прост (Ферари) удри во Сена (Мекларен) кој ја освои титулата.