ШТО И (НА)ПРАВИ БАЕРН НА БАРСА?
Објавено на: 09.12.2021
Германскиот гигант ја совлада Барселона со 3:0 во вториот меч сезонава во рамките на групата. Истиот резултат беше запишан и на првиот меч одигран на Камп Ноу.
Оваа победа на Баерн значеше максимални 6/6 за баварската машинерија и елиминација на Барса од Лигата на шампионите уште по групите, првпат по 2001-та година.

На последните три средби, Баерн на Барса и дозволи 1 гол, а постигна 14 и еден автогол во вкупниот скор 14:2. Меѓусебните дуели се 8/1/3 во корист на Баерн. Импресивно или не?