Фудбал

КАКО РЕАГИРААТ ДЕНЕСКА, НАВИВАЧИТЕ НА БАРСА?

Каталонската гордост гостува на Алијанц арената кај Бaерн, големиот „непријател“ во ЛШ, клуб од кој не може глава да крене. Во меѓусебните 10 натпревари, Баварците имаат 2 пораза, 1 натпревар заврши реми, а 7 мечеви завршија во корист на германскиот клуб.

Во тие 7 победи Баерн Минхен ја запиша и грандиозната со 8:2 во ковид-четвртфиналето, кога подоцна ја освои титулата во 2020-та година. На последните две средби, Барса 11 пати ја вадеше топката од мрежата, постигна еден гол и имаше еден автогол во нејзина корист.

Во сезоната 2014/15 Барса победи со 3:0, а во реваншот загуби со 3:2 и помина во финалето, кога ја освои последната титула. Во 2012/13 кога беше јавноста ја сметаше за најсилна во историјата, Барселона беше прегазена од Баерн со 4:0 и 0:3 во полуфиналето, а потоа германската беше екипата која ја освои титулата.

Во сезоната 2008/09 Баерн беше совладан со 4:0, во реваншот беше 1:1 во рамките на четвртфиналето. Потоа Барселона стана европски шампион истата таа сезона. Во сезоната 1998/99 Барселона двапати загуби од Баерн Минхен, со 1:0 и 1:2 во рамките на групата Д.

Како ќе заврши вечерашниот меч?