Фудбал

ДО КАДЕ ДОЈДЕ СВЕТОВ – ПОЧНАА ДА ЈА ОДБИВААТ БАРСА, ЗА БОРУСИЈА ДОРТМУНД

Последните информации од Австрија велат дека големата фудбалска надеж, 19-годишниот напаѓач на Салцбург и германската репрезентација, одбил трансфер во „моќната“ и „голема“ Барселона.

Карим Адејеми ќе се пресели во редовите не Борусија Дортмунд, каде гледа поголема шанса за напредок и од каде планира да се вивне во фудбалските височини. Најверојатно следна станица ќе му биде Баерн Минхен, но да почекаме…

Барселона е во финансиска и играчка криза, не е веќе магнет за играчите како што беше до пред десетина години. Сега на сцената се други клубови, кои собираат се што вреди. На што се должи ова?