Фудбал

КОИ СЕ НАЈДОБРИТЕ 5 СТРЕЛЦИ ВО ЕВРОПА?

Меѓу најдобрите пет голгетери сезонава, двајца се од италијанската Серија А, еден од Ла Лига, еден од Премиерлигата и еден од Бундеслигата. Токму последниот е на врвот и покажува дека е изграден од посебен материјал.

Со двата гола против Борусија Дортмунд (2:3), полскиот интернационалец Роберт Левандовски се издвои на листата на стрелците и има 16 постигнати погодоци по 14 одиграни кола во Германија, со најдобар просек меѓу најдобрите:

Роберт Левандовски – Баерн М. – 16 (14)
Мохамед Салах – Ливерпул – 13 (15)
Чиро Имобиле – Лацио – 13 (16)
Душан Влаховиќ – Фиорентина – 13 (16)
Карим Бензема – Реал М. – 12 (16)

Само лидерот на оваа престижна табела, има повеќе голови од натпревари, што засега го прави убедливо најдобар во оваа конкуренција. Повторно Леванголски е кандидат за Златната копачка и Златната топка на крајот на сезоната?