Фудбал

КАКО ПОМИНАА НАШИТЕ ПАТНИЦИ ВО МАДРИД?

Златна Копачка неодамна испрати двајца освојувачи на патување во Мадрид, да го следат мечот меѓу Атлетико и Милан на спектакуларната арена „Ванда Метрополитано“. Двајцата се вратија од шпанската престолнина, обземени со позитивни вибрации од градот, стадионот и натпреварот.

Еве го искуството, проткаено во неколку реда:

Опишете ни го искуството од еден натпревар во Лигата на шампионите?

Искуството од мечот во Лигата на шампионите е незаменливо нешто, за еден љубител на спортот, особено на фудбалот. Мадрид пулсираше во знакот на најубавата споредна работа на светот. Имаше супер навивачка атмосфера и она што сакаме посебно да го истакнеме – многу добра организација на натпреварот од Скопје до Мадрид.

Мадрид е прекрасен град, како го доживеавте? Ванда Метрополитано е прекрасно здание и на секој што ќе гледа еден ваков меч таму, му ги отвара видиците, односно желбата за вакви мечеви расте?

Стадионот Ванда Метрополитано, може слободно да кажеме, е еден од најубавите стадиони на светот. Со огледа на тоа што од скоро е реконструиран и направен по сите актуелни стандарди, оваа арена е меѓу топ 3 стадионите на светот. Мадрид е чудесен град, она што се случува во Мадрид може да се случи само во Мадрид, имаше еден ваков слоган на една реклама во минатото. Нам ни понуди прекрасни моменти кои ќе се паметат долги години.

Каква беше атмосферата пред мечот и како реагираше домашната публика на поразот?

Имаше фантастична атмосфера, севкупно кажано, не беше тоа само пред мечот туку и во текот на целиот ден. Во текот на мечот беше оптимистичко за Атлетико, но, сепак на крајот на мечот со голот на гостите од Италија на стадионот преовлада неочекувана тишина. Тешко е кога ќе примиш гол на таков начин и кога очекуваш да победиш противник кој си го совладал кај него дома, но тоа е фудбалот и затоа е интересен и толку популарен.

За кого навивавте вие?

Искрено, ние навивавме за Атлетико Мадрид.

Херојот на Милан на тој меч беше еден релативен анонимус кој многу скоро стигна во професионалните води, но остава силен печат во играта на росонерите. Како вие го видовте тој момент?

Доста интересен момент, кога се почувствува победничкиот менталитет кај гостите, кои ја постигнаа таа цел за која допатуваа во Мадрид. Тоа беше јасна порака до сите луѓе на светот, дека никогаш во животот не е доцна за она што се сака силно, гледајќи од перспектива на Месиас во кариерата, но и на Милан таа вечер.

Кој е ваш фаворит сезонава во Лигата на шампионите?

Манчестер Јунајтед!

Дали ќе продолжите да играте и понатаму во Златна копачка?

Секако дека ќе продолжиме да играме, со оптимизам за добивки и награди, но пред се затоа што го сакаме спортот и затоа што игрите на среќа ни нудат дополнително искуство, чекајќи го исходот и знаејќи што може да се случи ако го погодиме резултатот. Таков случај е овој натпревар, кој, ако не се случеше и ако не освоевме награда, можеби никогаш немаше да бидеме присутни на Ванда Метрополитано и да бидме сведоци на еден од највозбудливите мечеви во поновата фудбалска историја.


Совет за останатите, како да уплаќаат, колку да уплаќаат, систем, коефициенти и слично…

Математиката е лесна: Првите 5 тикет на ден ги уплаќате со 50 денари и пишувате 50 пара на нив. Истите парови ги дуплирате само со различни игри. Останатите 5 тикети ги уплаќате по 20 денари и исто, со 50 пара. Секој погоден пар ќе ти донесе по еден бод и од прилика на тикет ќе имаш од 15 до 20 бода. Плус дополнителните 50 бода поради уплатени 10 тикети на крајот на денот ќе имаш околу 200 бода. Лесно е, само треба и да погодуваш по некогаш. 🙂