Фудбал

НЕ ЧАВИ, ТУКУ ДЕПАЈ Е ПРИЧИНАТА ШТО БАРСА ИГРА ВАКА?

Каталонската гордост е во фаза на сериозна реконструкција и се чини дека со доаѓањето на Чави на клупата, конечно ја стабилизира играта, барем според скорот на последните два натпревара во шпанската Ла Лига, на кои забележа две победи.

На првиот меч беше 1:0 со Еспањол. Следеше реми без голови, против Бенфика во рамките на ЛШ. Вториот меч и резултатот 1:3 против Виљареал покажува дека редовите се консолидирани. Но, дали е тоа благодарение на Чави или на Мемфис Депај?

Холандскиот репрезентативец кој има 27 години, сезонава одигра 14 натпревари по доаѓањето од Лион и постигна 8 гола, односно има серија од четири меча со по најмалку еден гол во мрежата на противникот. Импресивен скор, или ништо посебно?