Фудбал

ПЕРЕИРА МУ ПОДАРИ ТИТУЛА НА ПРОТИВНИКОТ

Човек треба многу да внимава од каде позајмува играчи и зошто тие исти играчи не се во преден план, во клубот со кој имаат потпишано подолготраен договор, за да не му се случи ова што им се случи на раководните лица на Фламенго.

Во 5-та минута од продолжението, при резултат 1:1 во финалето на Копа Америка меѓу бразилските Палмеирас и Фламенго, Андреас Переира реши да си игра со судбината, па му создаде идеална шанса на Деиверсон, кој кажа – „благодарам“.

Палмеирас така ја освои титулата во Копа Америка со 2:1. Треба да почекаме и да ја видиме реакцијата и на навивачите на Фламенго и на челниците на овој клуб. Што мислите, дали Переира ќе остане во редовите на црвено-црните?