Кошарка
ЛАМЕЛО ПО СТАПКИТЕ НА ЛУКА
Објавено на: 20.11.2021
Ламело е најмладиот од браќата Бол, кои беа најавувани од страна на нивниот татко, како идни големи НБА ѕвезди. Дали полека почнаа да се остварувааат најавите?
Ламело имаше 32 поена со 11 скока и 8 асистенции за 39 минути игра во победата на Шарлот кај Индијана со 118:121.

Единствениот помлад НБА играч од него, кој бил најдобар на еден меч во категориите поени, скокови и асистенции во двата тима кои се соочиле на тој меч, е Лука Дончиќ.