Фудбал

КОЛКУ ПАРИ ПОТРОШИ БАРСА ЗА НЕГОВА ЗАМЕНА И КОИ БРОЈКИ ГИ НОСЕШЕ АЛВЕШ?

Поранешната ѕвезда на каталонската гордост на голема врата се враќа во градот каде ја доживеа најголемата бура во неговата кариера – каде освои многу домашни и меѓународни трофеи и од каде замина контроверзно, како што се враќа на Камп Ноу на крајот на 4-та деценија од животот.

Тогашното раководство на Блауграна изјави дека бразилскиот десен бек, за кого се вели дека е најдобриот на таа позиција во историјата на Барса, заминал поради лични причини, за што тој изјави дека е лага, а медиумите велеа дека Алвеш наводно си отишол затоа што не му била гарантирана првотимска минутажа.

Откако замина 2016-та, Барселона потроши 100 милиони евра да го замени Дани Алвеш, но на крајот го најде решението во потписот на – Дани Алвеш. Колку 38-годишниот играч може да одговори на предизвикот кој се нарекува „препород на великанот“, ќе видиме наскоро.

Кои бројки ги носеше Дани Алвеш на грбот, додека го носеше дресот кој е светост за многу жители на шпанската покраина Каталонија? Последен пат ја носеше 6-ката на Чави, а сега се враќа со 8-ката на Иниеста. Ќе им донесе ли среќа новиот број на грбот, нему и на клубот?