Фудбал

ЛИВЕРПУЛ ГО ЗАГУБИ СТОЛБОТ ОКОЛУ КОЈ СЕ ИЗГРАДИ ЕКИПАТА

Мајкл Едвардс има 42 години, на крајот на оваа сезона заминува од Ливерпул по 10 години по минати на Енфилд Роуд. Тој беше главниот виновник за титулите кои ги освои црвената екипа, последната деценија, заедно со тренерот Јурген Клоп кој дојде пред 6 години.

Едвардс најверојатно заминува за Њукасл, нешто што се уште не е официјално потврдено, но промените се составен дел од животот особено кога големи пари се во игра, како оние на новиот сопственик на црно-белите, шеикот Мохамед бин Салман од Саудиска Арабија.

Кои играчи и за колку пари беа доведени на Енфилд, во ерата на се уште актуелниот спортски директор? Едно е јасно – тој никогаш не се расфрлаше со пари, туку купуваше стабилни играчи и изгради стабилна екипа, која ги освои Лигата на шампионите и англиската Премиерлига.

Клучните фигури на Едвардс:

Мохамед Салах (36 мил. ф.)
Вирџил Ван Дајк (75)
Алисон (65)
Диого Жота (45)
Фабињо (39)
Садио Мане (30)
Роберто Фирмино (29)
Џорџинио Вајналдум (29)
Енди Робертсон (8)
Џоу Гомез (3)
Џоел Матип (бесплатно)