Фудбал

КОЈ Е ДАВИДЕ АНЧЕЛОТИ?

Синот на тренерот Карло, кој се врати на кормилото на најтрофејниот европски клуб, е најновиот член на неговиот стручен штаб. Дон Анчелоти го повлече наследникот со себе, во новата авантура.

Нескромно, Карло Анчелоти го изјави следново за својот син:

Го сакам до мене затоа што е скромен и има одлични фудбалски познавања. Тој сака да научи се. Чувствувам дека во иднина, ќе стане добар фудбалски тренер.

Давиде Анчелоти е роден на 22 јули 1989-та година во Парма. Многу брзо увидел дека нема фудбалски талент и се решил да студира. На тренерските курсеви, забележувал исклучително високи оценки и резултати.

Добива ли лозата Анчелоти, ново тренерско име?