ТАТО, ШТО Е ТОА ТИМСКА ИГРА? СИНЕ, ПРАШАЈ ГО СПОЕЛСТРА
Објавено на: 02.11.2021
Девет додавања, исто толку отворени позиции, избор на најдобрата за шут, тројка на истекот на времето за напад – ова го одработеа играчите на Мајами Хит, на мечот против Мемфис.
Резултатот не е битен, важна е потврдата дека составот од Флорида има една од најтечните офанзивни игри во НБА лигата:
Ерик Споелстра, кој беше асистент во Мајами од 1997-та, а се уште е главен тренер од 2008-та и има 2 титули во 4 финалиња, е меѓу најпотценетите стратези во НБА?