ЧЕЛСИ ИМА ДОВЕРБА ВО ЧАБИ АЛОНСО, И ПОКРАЈ ЛОШИТЕ РЕЗУЛТАТИ НА ТИМОТ
Објавено на: 24.11.2026
Работата на менаџерот на Челси, Чаби Алонсо, не е загрозена, и покрај серијата лоши резултати на лондонскиот клуб.
„Сините“ доживеаја убедлив пораз од Лидс (1-4) во 11. коло од Премиер-лигата и моментно се наоѓаат на осмото место на табелата со 16 бода. На последните пет натпревари тимот забележа дури четири порази.
Сепак, според информациите од Англија, раководството на Челси и понатаму има целосна доверба во 44-годишниот стратег, а во клубот воопшто не се разговара за негова смена.
На „Стемфорд Бриџ“ сметаат дека Алонсо е вистинскиот човек за тренерската позиција и веруваат дека заеднички ќе успеат да ја надминат актуелната криза.