Фудбал

МУРИЊО НЕ ГО ДАВА ЕНДРИК, НО РЕАЛ РАЗМИСЛУВА ЗА ПОНУДАТА НА МИЛАН ОД 70 МИЛИОНИ

Милан планира да го потпише напаѓачот на Реал Мадрид, Ендрик, и тоа уште за време на зимскиот преоден рок. Наводно „Росонерите“ дале официјална понуда за трансфер на 20-годишниот Бразилец од 70 милиони евра.

Тренерот Жозе Мурињо не сака да се раздели со Бразилецот во јануари и инсистира на негово останување. Доколку договорот се покаже како невозможен во јануари, Милан ќе се обиде во текот на летото, клубот наводно е решен да го потпише Ендрик.

Агентите на бразилскиот интернационален напаѓач ќе пристигнат во шпанската престолнина оваа недела или почетокот на следната недела за да одржат разговори и да ја утврдат непосредната иднина на играчот. 

Ендрик има мала минутажа во Реал, конкуренцијата е силна, трета опција е во нападот, а може да стане и четврта кога во јануари ќе се врати Родриго. Минатата зима отиде на позајмица во Лион, а потоа се врати во Реал каде сака да се наметне. Реал смета на Ендрик, но на клубот тешко му е да одбие понуда од 70 милиони за резервист.