Тенис

АЛКАРАС ВЛЕЗЕ ВО ДРУШТВОТО НА АГАСИ, ФЕДЕРЕР И ЃОКОВИЌ

Карлос Алкарас оствари еден од најголемите успеси во кариерата, откако за првпат триумфираше на завршниот АТП-турнир во Торино. Шпанскиот тенисер во финалето го совлада Александар Зверев со 6-2, 7-6 (9-7) и ја потврди својата доминација во дуелот со германскиот ас.

Со освоениот трофеј, Алкарас влезе во ексклузивното друштво на тенисери кои во кариерата ги освоиле сите четири гренслем-турнири и АТП-финалето. Пред него ваков подвиг имаат остварено само Андре Агаси, Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ. Шпанецот е најмладиот тенисер кому му успеало тоа, откако го комплетираше историскиот успех на 23 години и 201 ден.

За Алкарас ова беше вкупно 30. АТП-титула во професионалната кариера, со што се израмни со легендарниот Германец Борис Бекер на седмата позиција на листата тенисери со најмногу освоени трофеи до таа возраст во Опен ерата.