ПРОБЛЕМ ЗА БАЕРН, ХАРИ КЕЈН ТРИ МЕСЕЦИ ВО АУТ
Објавено на: 21.11.2026
Тежок удар за Баерн Минхен, најдобриот стрелец Хари Кејн ќе мора да отсуствува околу три месеци поради сериозна повреда на левиот скочен зглоб здобиена на ремито против Келн во 10-тото коло од Бундеслигата.
Медицинските прегледи потврдија скинат лигамент на синдезмозата. Повредата се случи во 15-тата минута по дуел со дефанзивецот на Келн, Жоел Шмид.
Има и една добра вест за баварците, повредата на Мајкл Олисе кој истотака рано го напушти теренот во првото полувреме, не е од посериозен карактер и тој би требало да биде подготвен следната недела и можеби ќе пропушти само еден-два натпревари.