ПОРТУГАЛЦИТЕ СМИСЛИЈА „НОВА СЕДМИЦА“, НИКОЈ ВЕЌЕ НЕМА ДА ЈА НОСИ ТАА НА РОНАЛДО (ФОТО)
Објавено на: 14.11.2026
Португалската фудбалска репрезентација започна нова ера, без Кристијано Роналдо во своите редови. Повеќе од две децении Роналдо го носеше дресот на националната селекција и стигна до бројки кои тешко дека ќе бидат достигнати.
Кристијано е светски рекордер по бројот на репрезентативни настапи (234 средби) и по бројот на дадени голови (146 погодоци). Неодамна тој официјално потврди дека се повлекува од репрезентацијата, а во Португалија смислија уникатен начин како да ја „повлечат“ бројката 7 по која беше познат Роналдо во националниот тим.
Светската фудбалска федерација (ФИФА) не дозволува официјално да се повлече ниту еден број, но Португалците најдоа уникатно решение. Седмицата по која беше познат Роналдо сега оди во „пензија“, а неговиот наследник на овој број ќе има нов број 7. Наместо препознатливниот број, сега дресот со број 7 во репрезентацијата на Португалија ќе има и цртичка на средината (7) што значи дека ќе биде различен.
