Фудбал

ОЛИСЕ Е ЖЕЛБАТА НА РЕАЛ, ФЛОРЕНТИНО ИМА СПЕЦИЈАЛНА ТАКТИКА

Флорентино Перез не се откажува од намерата да го доведе Мајкл Олисе во Реал Мадрид. Според „Л’Екип“, претседателот на шпанскиот клуб ги ангажирал Килијан Мбапе и Ибрахима Конате, кои треба да го убедат францускиот репрезентативец да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

Олисе и минатото лето се поврзуваше со трансфер во Мадрид, а во медиумите се споменуваа и суми од 250 милиони евра. Сепак, тој остана во Баерн Минхен, каде што има договор до 2029 година и важи за еден од клучните играчи во проектот на Венсан Компани.

Баварците немаат намера да се разделат со офанзивецот, но евентуална рекордна понуда би можела да ја промени ситуацијата.

Олисе сезонава игра во одлична форма, со 11 гола и пет асистенции на 14 натпревари. Неговото евентуално доаѓање во Реал би можело да отвори и прашање за заминување на некоја од актуелните ѕвезди на тимот.