ГОЛМАНОТ КОЈ НАПРАВИ ФАУЛ СО СМРТНИ ПОСЛЕДИЦИ ДОБИ СУСПЕНЗИЈА ОД 12 НАТПРЕВАРИ
Објавено на: 14.11.2026
Голманот на шпанскиот второлигаш Андора, Хесус Овоно, е казнет со забрана за настап на 12 натпревари, поради црвениот картон добиен на мечот со Тенерифе, кога направи фаул кој подоцна предизвика смрт кај противничкиот играч Хесус Де Мигел.
Дванаесет натпревари е максималната казна дозволена од Дисциплинскиот законик во Шпанија за дејствијата опишани во извештајот на судијата.
Во извештајот на судијата се наведува дека Овоно бил исклучен „поради удирање на противнички играч со крената нога и употреба на прекумерна сила додека топката била ничија. Напаѓачот на Тенерифе почина наредниот ден.
Овоно добива поддршка од клубот, тие се обидуваат да го одржат смирен и сталожен во катастрофалната ситуација во која се наоѓа. Пред неколку дена, ги деактивираше неговите профили на социјалните мрежи поради големиот број навреди и закани што ги доби, а му беше исклучен и мобилниот телефон. Тој не присуствува на тренинзите на тимот.