Фудбал

ДИМИТРИЕВСКИ НАЈДОБРО ОЦЕНЕТ КАЈ ВАЛЕНСИЈА ВО ПОРАЗОТ ОД РЕАЛ

Валенсија синоќа беше надиграна и поразена од Реал Мадрид со 0-3 на „Месталја“, а македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски беше најдобро оценет поединец кај Лилјаците.

Во рамките на голот на Димитриевски беа упатени 11 шутеви, а тој одбрани осум, што е одличен учинок. Столе беше херојот на Валенсија кој спречи поубедлив пораз на неговиот тим, а Валенсија ако сака опстанок мора да биде и поефикасна, досегашните 8 погодоци во 12 кола се премалку.