Фудбал

ИМА НОВ ЛИДЕР ВО ПРВАТА МАКЕДОНСКА ЛИГА

Минималните победи на Струга Трим Лум над тетовска Шкендија и на Вардар против Силекс од 1-0 во дербијата, донесоа нов лидер и уште поголема мешаница на врвот во Првата македонска фудбалска лига.

Сега првпопласирани се стружани со 29 бодови, пред Шкендија Тетово која има 27, а Тиквеш и Вардар имаат по 24, па имаме трка на четири тима за титулата и излез на европска сцена. Во наредната сезона, Македонија ќе има четири тима во европските купови.