Фудбал

ЈАМАЛ ВЕЧЕРВА ИМА ШАНСИ ДА СРУШИ РЕКОРД НА МБАПЕ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

Ламин Јамал вечерва против Астон Вила ќе има можност да испише нова страница во историјата на Лигата на шампионите. Младиот фудбалер на Барселона е на само еден гол од рекордот за најмногу погодоци во натпреварувањето пред да наполни 20 години.
Јамал моментално има 13 гола, исто колку и Килијан Мбапе, со кого го дели првото место на оваа историска листа.

Мбапе до бројката од 13 погодоци стигна со настапите за Монако и ПСЖ, а Јамал вечерва може да го надмине доколку се запише во листата на стрелците.