ХАРИ КЕЈН ЈА ОСВОИ „ЗЛАТНАТА ТОПКА“ ВО ИСТОРИСКИ НАЈТЕСНАТА ТРКА ЗА НАГРАДАТА
Објавено на: 27.10.2026
Хари Кејн е освојувач на „Златната топка“ за 2026 година.
Кејн победил пред вториот Килијан Мбапе со најмала разлика во поени во историјата. Инаку, Кејн е прв Англичанец по 25 години и прв играч на Баерн Минхен после 45 години кој го добил ова признание.
Разликата во бодовите помеѓу Кејн и Мбапе е помала од онаа помеѓу Родри и Винисиус во 2024 година. Тогаш беше 41 поен, сега уште помала, откри Венсан Гарсија, кој е главен уредник на Франс Фудбал и директор на организацијата „Златна топка“.
Топ 5 за 2026 година
- 1. Хари Кејн
- 2. Килијан Мбапе
- 3. Ламин Јамал
- 4. Родри
- 5. Лионел Меси