ГВАРДИОЛА СЕ ВРАЌА НА „ЕТИХАД“?!
Објавено на: 08.10.2026
Пеп Гвардиола летово го напушти Манчестер Сити по десет години на клупата, но наскоро повторно ќе се врати на „Етихад“.
Шпанскиот тренер, сепак, нема да има тренерска улога. Според Фабрицио Романо, Гвардиола планира да присуствува на натпреварот меѓу Манчестер Сити и ПСЖ во Лигата на шампионите на 14 октомври.
Тоа ќе биде првпат по заминувањето Гвардиола да го гледа својот поранешен клуб од трибините. Во Манчестер помина една деценија и остави голем печат во историјата на клубот.
Сити на стартот од Лигата на шампионите го совлада Порто со 2:0, додека ПСЖ славеше со убедливи 6:1 против Слован Братислава.
Гвардиола и по заминувањето остана близок со клубот. Неодамна испрати порака до навивачите во која порача дека и понатаму е тука за Манчестер Сити и дека секогаш ќе стои зад клубот, играчите и навивачите.
Неговото појавување на „Етихад“ затоа сигурно ќе биде посебен момент, како за Гвардиола, така и за навивачите на Сити.