Фудбал

НИКО ПАЗ ЈА НАСЛЕДИ „ДЕСЕТКАТА“ НА МЕСИ ВО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА АРГЕНТИНА

Лионел Меси се прости од репрезентацијата на Аргентина со победа од 3:0 против Бенин на „Монументал“. Капитенот постигна гол и запиша две асистенции во својот последен настап за националниот тим.

Веднаш по натпреварот, аргентинските медиуми објавија дека е донесена одлука кој ќе го наследи легендарниот број 10.

Според информациите, дресот со бројот 10 во иднина ќе го носи Нико Паз, кој веќе подолго време се смета за еден од наследниците на Меси во репрезентацијата.

Паз постигна гол против Бенин токму по асистенција на Меси, а по натпреварот откри што му кажал капитенот.

„Нико, сонувај големи соништа и никогаш не престанувај да веруваш во себе, дури и кога е тешко. Овие зборови никогаш нема да ги заборавам“, изјави Паз.