Елези: Како да не ни е судено да го дадеме тој гол
Објавено на: 07.10.2026
Разочарување владее кај сите фудбалери на Македонија по новиот неуспех, овојпат на гости кај Швајцарија. Швајцарците беа големи фаворити за победа и на крајот стигнаа до триумф од 3:0, а сите погодоци беа по грешка на нашите фудбалери.
Речиси 800 минути Македонија нема дадено ниту еден гол, што е само продолжување на најлошата низа во историјата на нашата репрезентација. Агон Елези се надева дека во иднина ќе дојдат подобри резултати за Македонија.
„Како да не ни е судено да го дадеме тој гол. Првото полувреме дава надеж дека работите ќе одат во позитивна насока. Работиме напорно, но засега немаме позитивни резултати. Швајцарија ги казни сите наши грешки.“, рече Елези по поразот од 3:0 во Луцерн.