Фудбал

ПОКЕТИНО ИЗРАМНИ АНТИРЕКОРД СТАР 100 ГОДИНИ ВО ЈУНАЈТЕД

Манчестер јунајтед доживеа убедлив пораз од 4:0 на гостувањето кај Ливерпул, со што Маурисио Покетино на најлош можен начин го започна својот мандат на клупата на англискиот гигант.

Аргентинскиот стратег со овој резултат израмни негативен клупски рекорд стар точно 100 години. Тој е само вториот тренер во историјата на Манчестер јунајтед кој загубил со четири гола разлика на своето деби. Пред него, тоа му се случило единствено на Лал Хилдич, кој во октомври 1926 година загубил со 4:0 од Болтон.

Почетино пристигна во клубот по заминувањето на Мајкл Карик, а првиот предизвик му беше гостувањето на „Енфилд“. Ситуацијата дополнително се искомплицира по раното исклучување на Лени Јоро, по што Јунајтед остана со играч помалку.

Ливерпул ја искористи бројчаната предност, а головите ги постигнаа Собослаи, Вирц, Нгумоа и Муњоз.