ВЕЛИЧЕСТВЕН КРАЈ НА НАЈДОБРИОТ: МЕСИ ИСПРАТЕН ВО РЕПРЕЗЕНТАТИВНА ПЕНЗИЈА (ВИДЕО)
Објавено на: 07.10.2026
Лионел Меси го одигра последниот меч во дресот на аргентинската репрезентација. На легендарниот стадион „Монументал“ во Буенос Аирес, во пријателски дуел, Аргентина со 3:0 го победи Бенин.
Пред 85.000 гледачи Меси стави крај на репрезентативната кариера која траеше 21 година, а на крајот завршува со 126 постигнати голови и една освоена светска титула (2022), две титули од Копа Америка и еден трофеј на Финалисима.
Од центарот на игралиштето Меси на сите им порача: „Ми беше голема чест да го носам овој дрес повеќе од 20 години. Никогаш не престанав да се борам, никогаш не престанав да давам се од себе. Би сакал засекогаш да се враќам затоа што играњето за репрезентацијата на Аргентина е најубавата работа во светот што може да ти се случи“.
Во 48 минута Аргентина поведе со 1:0 кога по корнерот на Меси, Николас Отаменди донесе радост за домашниот тим. Во 61 минута повторно Меси беше асистент, а голот го постигна младиот Николас Пазу. Потоа следуваше и погодокот на Меси од пенал за конечни 3:0.
Во 10-тата минута на средбата, судијата ја сопре играта за да се оддаде почит на Меси кој го носи дресот со бројот 10. Едноставно Меси доби испраѓање какво што заслужува најдобриот на сите времиња.