Фудбал

ЕЛМАС СЕ ПОТСЕТИ НА УБАВОТО МИНАТО, НО И ИСТАКНА КОЛКУ МУ Е ТЕШКО СЕГА

Елиф Елмас е еден од оние играчи кои мнгу добро знае како е да се има убави моменти со репрезентацијата на Македонија. Веќе девет години повеќе од 80 одиграни мечеви има Елмас, кој за прв пат во репрезентативната кариера се соочува со ваков очаен биланс. Македонија 11 меча нема победа, седум меча нема дадено ниту еден гол.

„Реално беше многу лошо денеска, многу е тешко, тешко е да се зборува. Заслужено победи Шкотска. Ние сме во многу тежок момент. Сега на сите играчи им е тешко, мене ми е многу тешко, треба да научиме од оваа тешка ситуација. Од седум натпревари, ниту една победа и нула постигнати голови, мора нешто повеќе да се направи. После тоа што направивме во минатото и тоа што e овој момент сега што доаѓа е тежок момент за нас. Тоа е фудбалот, мора да се кренем од ова, ако не може да биде уште потешко. Ние сите сакаме да победиме, треба да ни е јасно дека сме испод нивото во оваа група и треба да се подобриме од секој можен аспект. Мора максимално да бидеме фокусирани и максимално да работиме. Да извадиме максимум од наредниот натпревар и да се спремиме за ноември. Мора многу повеќе да работиме“, изјави Елмас по поразот од Шкотска.

Следниот предизвик за Македонија е дуелот против Швајцарија на гостински терен. Ако Македонија е без ниту една победа, Швајцарија има максимален биланс од три победи.