ЗИДАН: КОЈ Е ВИНОВЕН? НЕМА ДА НАВЛЕГУВАМ ВО ТАКВИ ДЕТАЛИ
Објавено на: 03.10.2026
Дербито меѓу Франција и Италија кое синоќа се играше во Париз заврши без победник, 1:1. По мечот, селекторот на Франција, Зинедин Зидан беше задоволен, иако очекувал и повеќе. По три меча откако е седнат на клупата на Франција, националниот тим има две победи и сега прв пат ремизира.
„Задоволен сум од тоа што го покажавме на теренот, но не и од резултатот, затоа што заслуживме повеќе. Имавме шанси да постигнеме и втор гол, но не успеавме. Таквите работи се случуваат, но навистина сум горд на своите фудбалери. Од се сум задоволен, освен од резултатот“, рече Зидан веднаш по мечот.
Интересен факт е тоа што Франција веќе седум натпревари не може да даде гол во првото полувреме.
„Не мислам дека сакавме да бидеме совршени. Ни недостасуваше завршницата во последните 30 метри од противничкиот гол. Не го користевме малиот простор. На почетокот на второто полувреме тоа го правевме многу добро и тогаш им направивме проблеми. Токму затоа фрустрирачки е што не победивме. Фудбалот е игра во која се обидувате да направиме што е помалку грешки. Секој може да анализира, но јас сум задолжен за да ја гледам широката слика, а од неа сум задоволен. Нема да влегувам во детали и тоа кој е виновен. Кога ќе се случи грешка, сите сме виновни“, заврши Зидан.