Фудбал

ДЕСЕТИ МЕЧ БЕЗ ПОБЕДА И НОВ РЕКОРД, СЕГА 607 МИНУТИ МАКЕДОНИЈА Е БЕЗ ПОСТИГНАТ ГОЛ

Црната резултатска серија на фудбалската репрезентација на Македонија продолжи и на гостувањето кај Словенија. Нашите фудбалери не само што не победија, туку и како да заборавија да постигнуваат голови.

Дуелот во Љубљана беше десетти за Македонија во низа без победа (пораз од 2:0), а последениот триумф го имавме на 7 септември 2025 година, кога во квалификациите за пласман на Светското првенство, во Скопје славевме над Лихтенштајн со убедливи 5-0.

Следуваа нерешени против Белгија (0-0), Казахстан (1-1), Летонија (0-0), Ирска (0-0) и против Босна и Херцеговина (0-0), но и порази од Велс (7-1), Данска (4-0), Турција (4-0), Швајцарија (4-0) и вечерва од Словенија (2-0).

Загрижувачки е и фактот дека Македонија нема постигнато гол на последните шест натпревари, односно повеќе од 10 часа или точно 607 минути. Последниот гол го постигна Бојан Миовски 18 ноември 2025 година кога загубивме од Велс со 7-1.

Серија без гол започна со назначувањето на Гоце Седлоски, бидејќи Македонија со новиот селектор има шест меча со ефект од четири пораз и две нерешени, но и со катастрофална гол-разлика од 0-13.