АНЧЕЛОТИ И КАКО СЕЛЕКТОР НА БРАЗИЛ ПРАВИ УСЛУГА НА РЕАЛ МАДРИД
Објавено на: 29.09.2026
Повредата на Рафиња на натпреварот меѓу Бразил и Австралија предизвика загриженост во Барселона, но и остра реакција од новинарот Алфредо Мартинес, кој со години го следи каталонскиот клуб.
Рафиња беше стартер и постигна гол од пенал, но не се врати на теренот по паузата. Бразилецот почувствувал болка во мускулот на десната натколеница, поради што беше заменет со Ендрик.
Во Барселона внимателно ја следеа неговата минутажа за Бразил, бидејќи Рафиња е еден од клучните играчи на Ханси Флик.
По информацијата за повредата, Мартинес на социјалните мрежи директно го прозва селекторот на Бразил, Карло Анчелоти.
„Изгледа дека Рафиња е заменет поради болки во натколеницата. Уште една голема услуга од Анчелоти … никогаш нема да научи“, напиша новинарот.
Пораката беше јасна алузија на Реал Мадрид, каде што Анчелоти во два наврати беше тренер пред да ја преземе репрезентацијата на Бразил.
Рафиња ја започна сезоната во одлична форма и е еден од најважните офанзивци на Барселона. Сега останува да се утврди сериозноста на повредата и колку долго ќе отсуствува.