ЃОКЕРЕШ ВО ЈАНУАРИ СЕ СЕЛИ ВО ИТАЛИЈА ИЛИ САУДИСКА АРАБИЈА?
Објавено на: 20.09.2026
Напаѓачот на Арсенал, Виктор Ѓокереш, би можел да го напушти лондонскиот клуб во зимскиот преоден рок.
Според изворот, 28-годишниот шведски фудбалер е незадоволен од својата позиција во клубот, тој е со сенка на Каи Хаверц. Раководството на Арсенал нема намера да се раздели со напаѓачот, но може да се предомисли доколку во зима доведе уште еден напаѓач, се интересираат за Ендрик од Реал Мадрид.
Претставниците на играчот веќе започнале прелиминарни разговори со Јувентус, Милан, Ал-Итихад и Ал-Ахли.
Ѓокереш му се приклучи на Арсенал во јули 2025 година од Спортинг Лисабон. Неговиот договор со лондонскиот клуб е до 30 јуни 2030 година. Сезонава на пет натпревари нема постигнато гол.