Фудбал

МАНЧИНИ ПОВИКА НЕКОЛКУ АНОНИМУСИ ВО ИТАЛИЈАНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Селекторот  на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини,  состави список на кој има многу имиња непознати за пошироката јавност.

Италија ги пропуштија последните три Светски првенства, што изгледаше незамисливо во минатото, а па старо-новиот селектор е подготвен да спроведе револуција во играчкиот кадар. Нешто мораше да се промени, и на списокот од дури 34 фудбалери на кои смета Манчини за натпреварите кон крајот на септември и почетокот на октомври има дебитанти непознати за пошироката јавност.

Само оние кои внимателно го следат фудбалот, а особено италијанското првенство, би можеле од прва да претпостават за кој клуб играат овие поединци.

Тука се голманите Марко Карнезеки, Џанлуиџи Донарума, Масимо Песина, Гиљермо Викарио. 

Одбрана: Онест Аханор, Алесандро Бастони, Рикардо Калафиори, Диего Копола, Џовани Ди Лоренцо, Федерико Димарко, Даниеле Џиларди, Мајкл Кајоде, Еди Куадио, Џанлука Манчини и Џорџо Скалвини.

Среден ред: Николо Барела, Брајан Кристанте, Иса Думбија, Николо Фаџоли, Давиде Фратези, Роландо Мандрагора, Алесандро Романо, Сандро Тонали.

Напад: Николо Камбијаги, Франческо Пио Еспозито, Себастијано Еспозито, Самуеле Инасио, Мојзе Кен,  Даниел Малдини, Џакомо Распадори, Џанлука Скамака, Антонио Вергара, Николо Ѕаниоло и Мохамед Али Зома.