Фудбал

ВО 2016 ГОДИНА БЕА ШАМПИОНИ ВО НАЈСИЛНАТА ЛИГА, А СЕГА СЕ „РАСПАЃААТ“ ВО ТРЕТА ЛИГА

Некогашниот англиски првак Лестер, вчера претрпе тежок пораз на свој терен со 4:0 од тимот на Оксфорд. Ова беше меч од рамките на третата лига во Англија, што само потврдува дека Лестер го чека уште една лоша сезона. По пет кола, Лестер има само една победа во третата лига и ако се гледа по почетокот, главен предизвик на оваа екипа ќе биде да се обиде да не испадне.

Колку за потсетување, Лестер во сезоната 2024/25 испадна од Премиер лигата, а се очекуваше дека ќе се обиде експресно да се врати во елитното друштво. Наместо тоа, Лестер минатата сезона одигра очајно, ја заврши на претпоследното место во Чемпионшип и на крајот испадна и во трета лига. Сега и таму игра лошо, па нема да биде чудо ако на крајот од сезоната овој клуб направи уште еден чекор наназад.

А не беше така црно за Лестер до пред извесно време. Пред само 10 години овој клуб ги живееше најубавите денови. Во мај 2016 година Лестер стана сензационален шампион во Премиер лигата. За тоа колку беше неверојатно Лестер да биде првак таа сезона, покажува и фактот дека пред почетокот на сезоната, Лестер имаше квота од 5.000 да биде првак.

Овие убави денови кога дел од екипата беа Џејми Варди, Н’голо Канте, Ријад Марез, Каспер Шмајхел, капитенот Вес Морган се далечно минато. Сега, Лестер има екипа која може да не биде доволно квалитетна дури и за останување во во третата лига во Англија.