НЕМА НИШТО ОД БАРСЕЛОНА И АРСЕНАЛ: НОВА ЕКИПА ВО ИГРА ЗА ПОТПИСОТ НА ХУЛИЈАН АЛВАРЕС
Објавено на: 06.09.2026
Хулијан Алварес повторно е во центарот на вниманието на европските гиганти, а неговата иднина би можела да донесе нова голема трансфер-сапуница.
Аргентинскиот напаѓач подолго време се поврзува со Барселона, која го смета за една од своите големи желби. Интерес постоеше и од Арсенал, но ниту еден од двата клуба летово не направи конкретен чекор за негов ангажман.
Алварес остана во Атлетико Мадрид, но според информациите од Шпанија, сега во трката се вклучува и ПСЖ.
Францускиот шампион наводно планира да испрати понуда за 26-годишниот напаѓач во јануарскиот преоден рок, а иницијативата доаѓа од тренерот Луис Енрике. Шпанецот го гледа Алварес како фудбалер кој може дополнително да го засили нападот на „светците“.
Претседателот Насер Ал-Келаифи, според истите информации, го одобрил обидот за негово доведување, а парижани се подготвени да понудат сериозна сума за да го убедат Атлетико да го пушти.
ПСЖ сака да реагира што е можно порано и да ја претекне конкуренцијата, пред сè Барселона, која и понатаму е заинтересирана за аргентинскиот репрезентативец.
За Атлетико, евентуалната продажба во јануари нема да биде лесна одлука. Алварес пристигна како големо засилување и е еден од клучните играчи во нападот.
Сепак, доколку ПСЖ навистина испрати финансиски примамлива понуда, трансферот би можел да стане реалност. Така, по Барселона и Арсенал, сега и францускиот гигант се вклучува во трката за потписот на Алварес.