Фудбал

СЛАВЈЕТО НА ГРОБАРИ КОГА ЗВЕЗДА ГО ПРИМИ ЧЕТВРТИОТ ГОЛ ВО ПЛЗЕН (ВИДЕО)

Да му умре козата на комшијата, но во белградска изведба помеѓу Црвена Звезда и Партизан. Делиите имаа предност од 0:3 пред почетокот на натпреварот со Плзен, кој го загубија со 5:1 и ќе играат Лига на конференции наместо Лига Европа.

Во истото време, Партизан игра против Гетафе во Белград, а се чини дека „гробарите“ повеќе се израдуваа на голот на Плзен отколку на нивниот тим, кој во моментов игра 1:1 против Шпанците, а има негатива од 1:3 од првиот дуел.

Еве го нивното славје: