ВАКА ЖИВЕЕ МУРИЊО ВО МАДРИД: ВИЛА ОД 1.400 КВАДРАТИ ЗА КОЈА ПЛАЌА 20.000 ЕВРА МЕСЕЧНО
Објавено на: 24.08.2026
Жозе Мурињо по враќањето на клупата на Реал Мадрид не размислувал долго каде ќе живее. Португалскиот стратег се вратил на добро позната адреса и повторно ја избрал луксузната вила во која престојувал и за време на својот прв мандат во мадридскиот клуб.
Како што пишува Мундо Депортиво, Мурињо повторно се сместил во Ла Финка, едно од најексклузивните и најдобро обезбедените населби во Мадрид.
Неговиот дом се простира на приближно 1.400 квадратни метри, додека целиот имот зафаќа повеќе од 5.000 квадратни метри.
Вилата има модерен дизајн, огромни простории, високи тавани и големи стаклени површини кои овозможуваат многу природна светлина.

Посебно впечатлив е надворешниот дел. Имотот располага со пространи градини, повеќе места за одмор и голем надворешен базен.
Сепак, луксузот не е единствената причина поради која Мурињо повторно ја избрал Ла Финка.
Населбата е позната по исклучително високото ниво на приватност и безбедност. Улиците не се јавно достапни, влезот е строго контролиран, а пристап имаат само жителите и овластените лица. Таквиот живот има и соодветна цена.

Мурињо за изнајмување на вилата наводно плаќа околу 20.000 евра месечно, односно приближно 240.000 евра годишно.