БАРСЕЛОНА СЕ ОТКАЖУВА ОД АЛВАРЕЗ, НА РАДАРОТ Е ОСИМЕН?
Објавено на: 24.08.2026
Барселона одлично ја отвори новата сезона во Ла Лига со убедлива победа од 5:0 против Елче, но раководството на каталонскиот клуб сè уште не ја завршило работата на трансфер пазарот.
Една од главните цели до крајот на преодниот рок е ангажман на нов напаѓач кој би го пополнил местото на Феран Торес, кој кариерата ја продолжи во ПСЖ.
Првата голема желба на Барселона беше Хулијан Алварез, но шансите Аргентинецот да пристигне во Каталонија стануваат сè помали. Атлетико Мадрид не сака да се откаже од својот напаѓач, па Барселона веќе разгледува други опции. Откако добија „корпа“ и од Интер за Лаутаро Мартинез, Деко и управата се насочија кон шведскиот репрезентативец и напаѓач на Арсенал, Виктор Ѓокереш, а сега се појави уште едно големо име.
Станува збор за Виктор Осимен, напаѓачот на Галатасарај.
Информацијата ја објави турскиот новинар Екрем Конур, дописник за BBC од Турција, според кого Барселона покажува интерес за 27-годишниот нигериски голгетер.
Осимен не е ново име на листата на каталонскиот клуб. Претходно веќе се појавија информации дека спортскиот директор Деко е заинтересиран за негов ангажман, но тогаш не дојде до реализација на трансферот.
Нигериецот минатата сезона пристигна во Галатасарај и веднаш се наметна како еден од најважните фудбалери на турскиот гигант. На 30 натпревари постигна 26 голови, со што повторно покажа зошто важи за еден од најопасните напаѓачи во Европа.
Со оглед на компликациите околу Алварез и Лаутаро, Барселона сега мора да разгледува алтернативи, а според последните информации Осимен е едно од имињата кои сериозно се разгледуваат во Каталонија.
До крајот на преодниот рок останува да се види дали интересот ќе прерасне во конкретна понуда или Барселона ќе се насочи кон друга опција за нападот.