МАРЕСКА ПРОГОВОРИ ЗА РОДРИ И ЕНЦО: СИТИ ПОДГОТВУВА ГОЛЕМИ ПОТЕЗИ
Објавено на: 14.08.2026
Манчестер Сити најверојатно нема да испрати понуда за Енцо Фернандез до рокот што го постави Челси, потврди тренерот Ензо Мареска, но истовремено најави дека клубот планира дополнително да се засили до крајот на преодниот рок.
Челси им постави рок до 17 часот денес на заинтересираните клубови да достават понуда за аргентинскиот репрезентативец. Лондонскиот клуб бара околу 120 милиони фунти и сака што побрзо да биде позната иднината на Фернандез.
Манчестер Сити е меѓу клубовите кои ја разгледуваат можноста за негово ангажирање, но Мареска практично потврди дека нема да реагира во периодот кој го бара Челси.
Не мислам дека денес ќе направиме нешто.
Сити бара дополнителни засилувања во средниот ред, а покрај Фернандез, како потенцијална опција се споменува и мароканскиот фудбалер Ајуб Буади.
Ситуацијата дополнително зависи од иднината на Родри. Шпанецот се врати во Манчестер по Светското првенство, додека Барселона продолжува да работи на негов трансфер.
Каталонците досега испратиле две понуди за Родри. Првата, вредна 38,4 милиони фунти, била веднаш одбиена, а Сити не ја прифатил ниту подобрената понуда од околу 51 милион фунти. Мареска не сакаше да потврди дали Родри дефинитивно ќе остане во клубот, па на истоименото прашање одговори:
Само што го видов Родри и силно го прегрнав.
Манчестер Сити истовремено се подготвува и за заминување на Тијани Рајндерс, кој треба да се пресели во Ал Кадсија за околу 51 милион фунти.
Клубот ова лето веќе потроши огромна сума за Елиот Андерсон, кој пристигна од Нотингем Форест за клупски рекорд од 116 милиони фунти. Нови играчи се и голманот Херонимо Рули и младиот Џереми Монга.
Сепак, Мареска смета дека работата на трансфер пазарот сè уште не е завршена.
Додека преодниот рок е отворен, можеме да купуваме и да продаваме играчи. Сигурно има работи што треба да ги направиме. Може да биде едно, може да бидат две засилувања. Зависи и од тоа кој сака да замине.
Неговиот мандат во Манчестер Сити официјално започнува во недела со натпреварот против Арсенал во Комјунити шилд, а Италијанецот јасно порача дека сака веднаш да стигне до првиот трофеј.